Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас

Дерби

29/03/2023

12:02

1.654

Големина на фонт

а а а

Елиф Елмас настапи на двата натпревари кои ги одигра Македонија против Малта и Фарски Острови и со две победи се враќа во Неапол, расположение на кое дефинитивно навикна оваа сезона во која тимот од „Диего Армандо Марадона“ игра страшен фудбал.

За време на престојот во Скопје, Елмас нагласи дека Наполи е во втор план кога има обврски со репрезентацијата, но крајот на интернационалниот циклус значи дека Елиф мора одново да се насочи кон она што следи на клупски план, а предизвиците се навистина големи за него и неговите соиграчи.

Наполи е на добар пат да ја освои титулата во Серија А и да го освои толку посакуваниот трофеј, но исто така е во игра и во Лигата на шампионите каде во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Милан.

Во екипниот спорт, планирањето на иднината е најдобар рецепт за победа на долгорочен план, а тоа важи и за шампионските тимови кои постојано се надоградуваат, или пак ги задржуваат своите најдобри играчи.

Водејќи се по ова правило, Наполи има јасен план со македонскиот фудбалски „дијамант“ чиј договор истекува во 2025-та година, па веќе водечките луѓе на Наполи стапиле во контакт со претставниците на Елмас. „Кориере дело Спорт“ информира дека Македонецот ќе биде главна тема на разговор по крајот на сезоната, односно планот е да се освои Скудетото, па да се седне на маса со Елмас и неговите претставници.

Елиф заработува 1,5 милиони евра по сезона со актуелниот договор, но Наполи планира да го награди и да му понуди нов договор со кој ќе му ја зголеми заработката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг