Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме

Дерби

29/03/2023

10:58

1.521

Големина на фонт

а а а

По освоената титула на мундијалот во Катар, Аргентина си закажа две лесни пријателски за да ја прослави светската титула на релаксиран начин, па по победата над Панама од 2:0, „гаучосите“ рано утрово беа далеку поубедливи.

Селекцијата на Курасао не беше достоен ривал за светските прваци предводени од Лионел Скалони, кој повторно реши да го стави Лео Меси во стартната постава како капитен и да не го поштеди пред предизвиците кои ги има со ПСЖ.

Токму Меси беше главна ѕвезда на теренот и постигна хет-трик во првото полувреме, кое сепак започна со едно нестварно промашување на фудбалерот кој како да е проколнат кога игра за репрезентацијата.

Лаутаро Мартинез не застанува да ги тресе мрежите во Италија како член на Интер, но сега го продолжи малерот кој го следи со Аргентина и успеа да се посрамоти пред празен гол.

Меси му даде идеално додавање за да ја смести топката во празната мрежа, но наместо тоа, Лаутаро се сплетка и не успеа да го отвори резултатот уште во третата минута.

Тоа што не му успеа него, го направи Меси со три гола во првиот дел, во кој стрелаа и Гонзалес и Фернандес за предност од 5:0. Во второто полувреме, во листата на стрелците се запишаа и Ди Марија и Монтиел (конечните 7:0).



Спонзорирани линкови

Маркетинг