Том Хенкс со години се бори против болест која ја добил поради една филмска улога: „Испаднав идиот“

Точка

28/03/2023

08:52

19.052

Големина на фонт

а а а

Том Хенкс повеќе од 10 години се бори со тешка болест, а станува збор за дијабетес тип 2.

Славниот актер во една прилика изјавил дека веќе подолго време се бори со високо ниво на шеќер во крвта.

„Отидов на доктор и тој ми рече: Го знаеш, оној висок шеќер со кој се бориш од 36 години? Е, па... Си добил дијабетес тип 2“, раскажал актерот.

Двократниот оскаровец истакнал дека докторите му кажале дека нема да може да прима инсулин доколку се храни здраво.


„Ме видовте во филмовите на што личев. Вистински дебел идиот. Мислев дека тоа можам да го избегнам така што ќе ги исфрлам печивата и бургерите од исхраната, но беше потребно повеќе од тоа. Докторите велат дека нема да мора да примам инсулин доколку продолжам да ја одржувам посакуваната телесна тежина и доколку продолжам да се хранам здраво“, додал Хенкс.

Хенкс исто така признал дека самиот е одговорен за својата болест поради тоа што не се грижел за исхраната.

„Испаднав тотален идиот. Пред три години дијагностициран ми беше дијабетес тип 2 и тоа поради големите осцилации во телесната тежина. Болеста кулминираше кога работев на филмот Philadelphia“, изјавил популарниот актер своевремено.




Спонзорирани линкови

Маркетинг