Интернетот повторно ја откри: Госпоѓа положила возачки испит по 960 обиди

Точка

28/03/2023

08:12

10.510

Големина на фонт

а а а

Интернетот повторно ја откри госпоѓата Ча Са-Сун, која не се откажал додека да го положи возачкиот испит, а тоа и успеало по 960-тиот обид.

Госпоѓата потрошила 11.000 фунти на добивање на возачката дозвола и конечно ја добила по 960-тиот пат. Иако се сè случило уште во 2009-та година, Ча Са-Сун овие денови повторно станала вистински хит, откако на „Reddit“ повторно се појави веста за нејзината макотрпна мисија за положување на возачкиот испит.

Ча Са-Сун во април 2005-та година прв пат имала писмен испит, но за жал, не била успешна. Меѓутоа, тоа не ја спречило и продолжила повторно да полага, сè додека не положила – секој ден, пет дена во неделата во текот на три години.

Не се откажала

Потоа тоа го намалила на два пати неделно, додека конечно не го положила писмениот тест, во својот 860-ти обид. Уследила борба за возачката дозвола со полагање на испитот за возење, па од 960-тиот обид успеала да положи. Во обидите се вброени и писмените тестови и испитите за возење.

„Hyndai“ кога дознале за нејзината приказна решиле да и подарат автомобил. Потоа завршила и нивна реклама.




Спонзорирани линкови

Маркетинг