Моќна приказна зад новите фотографии од Лејди Гага и Хоакин Феникс – публиката на ова чекаше 4 години, време е границите да се поместат

Точка

27/03/2023

08:50

11.591

Големина на фонт

а а а

Лејди Гага и Хоакин Феникс деновиве интензивно работат на продолжениетo на популарниот „Џокер“ од 2019 година.

Кадрите од Њујорк предизвикаа големо интересирање, а публиката чекаше четири години за да започне снимањето, но ќе мора да се стрпи уште малку затоа што премиерата на филмот е закажана за 2024 година.

Режисерот повторно е Тод Филипс, баш како и поголем дел од продуцентската постава која покрај режисерот ја составува и Бредли Купер.


Хоакин го толкува ликот на Артус Флек, додека Лејди Гага го толкува ликот на Харли Квин, хероината од американските стрипови.

Пејачката ја толкуваше и главната улога во „првенчето“ на Бредли Купер – „Ѕвездата е родена“, а тогаш се зборуваше дека тие двајца се нешто и повеќе од соработници, па дури ја обвинија Лејди Гага дека е виновна за раскинувањето на Купер со Шајк.


Се сеќавате дека тогаш се коментираше дека тие двајца ја понижиле руската манекенка на доделувањето на Оскарите кога песната од споменатиот филм ја изведуваа многу страсно на сцена додека Ирина сè гледаше од првите редови.

Бредли очигледно е воодушевен од актерските способности на Лејди Гага за што говори и нејзината задача во продолжението на приказната за Џокер.

Американскиoт психолошки трилер базиран е на истоимениот лик од „Ди-Си комикс“. Првиот дел беше награден со Златен Лав во Венеција, но и ги подели критичарите. Ја фалеа актерската умешност на Феникс, музиката, кинематографијата и продукцијата, но не и мрачниот тон, прикажувањето на насилство.


Филмот беше номиниран во 11 категории на Оскарите, вклучувајќи ги и оние за најдобар филм и режија. Феникс победи во категоријата најдобар актер, а Холдур Гуднадотир беше награден за најдобра оригинална музика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг