Дабиќ: Последните 7-8 години во МНР се делат на два периоди – масовно впумпување на партиски кадри и масовно унапредување на тие кадри со злоупотреби

Макфакс

26/03/2023

14:12

1.687

Големина на фонт

а а а

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше и амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат Зоран Дабиќ кој зборуваше за шемата по која во МНР се прават унапредувања на поединци без никаква законска основа и за тоа како тие како синдикат се справуваат со оваа негативна појава.

Тој потенцираше дека последните 7-8 години би можеле да се поделат во два периоди, односно дека во првиот период се вршеше масовно вработување на партиски кадри, а во вториот се врши унапредување на истите тие кадри.

„Справувањето оди многу тешко бидејќи директна комуникација практично и немаме со раководството, тоа е нивен став. Можеби еднаш неделно во овие четири години ние укажуваме секојпат на нешто, бараме да бидеме партнери, бараме да соработуваме, но комуникација од нивна страна нема. Она што во врска со вашето прашање би можел да го констатирам е дека последните 7-8 години би ги поделил на два периода. Првиот период е на масовно впумпување на партиски кадри во МНР, а вториот период, последните неколку години, масовно унапредување на истите тие кадри. Дури кко синдикат утврдивме одредени параметри и начини како тоа се прави и е многу едноставно. Во минатото имавме неколку национални координатори за одредени области, но сега има неколку десетици позиции на национални координатори кои веројатно се користат пред се за унапредување“, истакна Дабиќ.

Тој исто така ја објасни и шемата која се злоупотребува за брзо унапредување на одредени лица во МНР, иако во дипломатијата исто како во војската треба да има периоди од кариерата во која се стекнува одреден чин.

„Системот е едноставен. На одреденото лице кое сакате да го унапредите му давате функција национален координатор за некоја област и автоматски поради титулата добива едно звање, унапредување и после три месеци таа титула му се одзема и се дава на друг за да иде истиот систем, а него по дискреционо право му се дава второто звање. Дискреционото право е нешто што по исклучок треба да се прави, меѓутоа се користи во овој врзан систем за двојни унапредувања. И така имате ситуации во кои буквално за една година од низок ранг дипломати добивате среден ранг дипломати, или пак други дипломати од среден ранг во највисок ранг дипломати, иако во дипломатијата исто како во војската има периоди за секој во војска чин или за секое звање, три четири години мора да бидете поручник, па мајор, па капетан. Овој е само еден од начините како тоа правило се заобиколува“, појасни Дабиќ.

Дабиќ исто така збореше и за претседавањето со ОБСЕ кое според него треба да се искористи за меѓу приоритетите да има и теми за национална промоција, но за жал тоа не се прави и се губи голема шанса која нема да се повтори.

„Претседавањето со ОБСЕ е значајна работа, но не и до тие димензии кои се проектираа во јавноста од нашето раководство. Тоа е можност за некоја земја да даде, на два фронта би рекол, придонес на глобалните светски трендови и тука секако би биле по влијателн поголемите земји, но и да се искористи претседавањето за промоција на некои свои национални приоритети, но тоа еве третиот месец изминува и гледаме дека не се случува. Ние како синдикат и како дипломати поединци во разни прилики укажувавме дека при формулирање на приоритетите, а секое претседавање има обично 5-6 приоритети, би било добро да се опфати и тема, не директно како наш проблем, туку како поширок проблем еве на пример нашето закочување од страна на Бугарија. Да се отвори тема и да се даде придонес за подлабоко разгледување на состојбите со малцинствата што е впрочем и една од функциите на ОБСЕ. Третата димензија, човековата димензија е директно врзана со тоа. Јас колегијално имам сознанија дека тоа нема да се случи, што ми е многу жал бидејќи пропуштаме една голема шанса, особено имајќи предвид дека оваа шанса нема да се повтори“, додаде Дабиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг