(Видео) Мачка осмислила нов метод за одење по раб на зграда и насмеа милиони луѓе

Точка

25/03/2023

20:44

8.044

Големина на фонт

а а а

Мачките се надалеку познати по тоа што сакаат да „живеат на работ“. Можеби поради тоа што мислат дека можат да се извлечат од сите ситуации или веруваат во теоријата дека имаат 9 животи, но мачките секако припаѓаат помеѓу најхрабрите животни.

Добро, можеби не баш сите – на Твитер се појави видео од една портокалова мачка која одлучила да премине од еден балкон на зграда, на друг. Меѓутоа, тоа не го направила на елегантен начин како што би го направиле повеќето мачки, ниту одела по самиот раб, храбро и „безобразно“ како останатите.

Мачката по малку несмасно се качила врз гелендерот и така прошетала од едниот крај до другиот, а потоа брзо и панично преминала на другиот балкон. Снимката насмеа многумина на Твитер и има повеќе од 8,8 милиони прегледи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг