Доколку не знаете што да подготвите за појадок или вечера, задолжително треба да го пробате овој рецепт за домашна проја со кашкавал и мешавина од пченкарно и пченично брашно.
Следете го упатството и подгответе ја, а потоа уживајте во вкусот.
- 10 лажици пченкарно брашно;
- 5 лажици пченично брашно;
- 1 лажица прашок за печиво;
- 3 јајца;
- 7 лажици масло за јадење;
- 200 милилитри јогурт;
- 150 грама кашкавал;
- сол по вкус.
1. Изматете ги јајцата, па додадете ги маслото за јадење и јогуртот во нив.
2. Додадете ги пченкарното и пченичното брашно, претходно помешани со прашокот за печиво, па мешајте додека не добиете хомогена смеса.
3. Исечкајте 100 грама кашкавал на коцкички и додадете ги, па повторно добро измешајте.
4. Посолете по потреба.
5. Ставете ја смесата во претходно подмачкан плех за печење.
6. Изрендајте кашкавал над неа.
7. Печете околу 20-на минути во рерна загреана на 200 степени Целзиусови.
Пријатно јадење!