Актерката после 12 години брак става крај на љубовта: „Ќе биде ова пријателски развод“

Точка

25/03/2023

10:20

10.813

Големина на фонт

а а а

Рис Витерспун и нејзиниот сопруг Џин Тот се разведуваат. Парот веста ја објави во петoкот на социјалната мрежа Инстаграм, само неколку денови пред 12-годишнината од брак.

„Имаме некои лични вести да споделиме. Со големо внимание и обѕир донесовме тешка одлука да се разведеме“, навеле во соопштението, па продолжиле:

„Уживавме во толку прекрасни години заедно и одиме напред со длабока љубов, добрина и заемна почит кон сè што заедно создадовме“.


„Нашиот најголем приоритет е нашиот син и целото наше семејство додека се движиме низ ова следно поглавје“, додале тие.

„Овие работи никогаш не се лесни и исклучително се лични. Навистина ја цениме сечија почит и приватноста на нашето семејство во овој момент“, заклучиле тие.

Витерспун и Тот се венчале во 2011 година. Имаат син заедно, 10-годишниот Тенеси, а во недела се приближува нивната 12-годишнина од бракот.

Извор за магазинот „People“ изјавил дека тие ќе останат најдобри пријатели додека поминуваат низ „пријателскиот развод“.

„Ова е толку пријателска одлука“, изјавил изворот. „Тие се толку посветени на заедничкото родителство. Се залагаат за цело свое семејство и прават ова да биде што полесно за сите“.


Витерспун исто така има уште две деца со поранешниот партнер Рајан Филипе – ќерката Ава (23) и синот Дикон (19).




Спонзорирани линкови

Маркетинг