Покажал како се поздравува со кучето, а како со сопругата: Видеото насмеа милиони

Точка

24/03/2023

20:42

6.563

Големина на фонт

а а а

Златниот ретривер Марли е вистинска ѕвезда на социјалната мрежа ТикТок, каде го следат повеќе од 1,8 милиони луѓе.

Сопственикот на Марли, Гери, секојдневно објавува забавни снимки со своето куче, а во неодамнешното видео покажал како се поздравува со својот миленик, а како со својата сопруга.

На почетокот на снимката се гледа како Гери го бакнува и прегрнува своето куче.

„Чао бебе. Се надевам дека имаш прекрасен ден. Те сакам. Бакни ме“, се слуша како му вели на својот миленик, кој му ја подава шепата.

Потоа оди кај сопругата која е во другата соба, и само и покажува знак за „peace“ пред да излезе.

Видеото насмеало многумина и собрало 4,4 милиони прегледи.

„И јас вака го бакнувам кучето, а сопругот го заборавам“, „Пресмешно“, „Ова е добра лекција на сопругот никогаш да не му купам куче“, се само некои од коментарите под видеото.