Поради оваа снимка половина од Французите се бесни на Макрон, а другата половина го исмејува

Точка

24/03/2023

18:48

3.781

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи масовно се споделува снимка од една емисија на која се гледа францускиот претседател Емануел Макрон како од раката вади часовник вреден околу 2.400 евра и потоа го крие.

Макрон во текот на емисијата делел совети за штедење и зборувал за пензиската реформа која предизвикала бурни протести ширум земјата, но веројатно во некој момент сфатил дека треба да го скрие часовникот – што не останало незабележано од гледачите и коментаторите на социјалните мрежи.

Првобитно, на социјалните мрежи кружеле наводи дека часовникот на Макрон вреди дури 80.000 евра, но подоцна е откриено дека бројката е многу пониска. Како што пренесува „France info“, станува збор за модел од француската компанија „Bell&Ross“, чија вредност е 2.400 евра.

Истиот часовник, Макрон го носи последната година и пол, а забележан е и на Светското првенство во фудбал во Катар.

Критичарите исто така тврдат дека Макрон носи „Hermes“ одело од 5.000 евра.

И тука експертите ги провериле тие тврдења, па утврдиле дека станува збор за многу поевтин модел од парискиот кројач „Jonas & Cie“, кој вреди околу 450 евра.


Од Елисејската палата соопштиле дека Макрон го извадил часовникот бидејќи тропал по масата.

Тоа, меѓутоа, не ја намалило ПР штетата за францускиот претседател.


Левичарската опозиција веднаш изјави дека Макрон нема поим како е да се биде на раб на егзистенција во Франција, тврдејќи дека реформите пред сè ќе ги погодат слабо платените работници.

„Додека зборува за минималец, тој дискретно го вади својот убав луксузен часовник“, напишала опозициската пратеничка Клеманс Гете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг