Директорка на основно училиште си поднела оставка откако родителите се жалеле дека скулптурата на Микеланџело е „порнографска“

Точка

24/03/2023

10:57

7.967

Големина на фонт

а а а

Хоуп Караскила, директорка на приватно основно училиште на Флорида, била присилена да си поднесе оставка откако тројца родители се пожалиле дека на нивните деца на часот по историја на уметност им биле покажани фотографии од Давид на Микеланџело.

Двајца родители рекле дека требало да бидат известени дека ќе им бидат покажувани вакви фотографии на децата, а еден тврдел дека тие се „порнографски“. Исто така, истакнале дека „фотографиите ги вознемириле нивните деца“.


Караскила рекла дека е тажна бидејќи на нејзиниот краток мандат на директорското место му дошол крајот. Таа работела во училиштето околу една година.

Родителите на децата сега бараат да им се овозможи гласање на било каква тема или лекција која би можела да се смета за дискутабилна.


„Правата на родителите се над сè, а тоа значи заштита на интересите на сите родители, без разлика дали се работи за 1, 10, 20 или 50“, изјавил претседателот на училишниот совет Барни Бишоп, кој признал дека ѝ поставил ултиматум на Караскила - или сама да си замине или да добие отказ.

Познатата скулптура на Микеланџело е едно од уметничките дела кои учениците ги проучувале на часот по ренесансна уметност за деца од 11 и 12 години. Иако се смета за едно од најважните уметнички дела некогаш, родителите поради голотијата ја сметале статуата за непримерна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг