Синот на Бекам ја покажа тетоважата од сопругата и стана мета на потсмев на Твитер: „Треба да се затвори тату артистот кој го направил ова“

Точка

24/03/2023

23:47

11.592

Големина на фонт

а а а

Синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, ја покажал тетоважата од својата сопруга Никола Пелц во емисијата „The Jennifer Hudson Show“.

Бекам истетовирал фотографија од својата сопруга Никола на десното рамо и гордо ја покажал среде емисија, соблекувајќи ја маицата. Тоа е само една во низата тетоважи кои Бруклин ги има, а тврди дека нивниот број е помеѓу 80 и 100. Но, на луѓето баш и не им се допаднала тетоважата со лицето на сопругата, за која Бруклин вели дека е последна во низа која ја направил.


„Има милиони на банкарската сметка, а тетоважата му изгледа како да му ја правел некој во камп-куќичка“, „На мама Викторија сигурно ѝ се допаднал цртежот“, „Малку е неуредна“, „Треба да се затвори тату артистот кој го направил ова“, „Типот има околу 70 тетоважи посветени на таа жена“, гласат дел од коментарите на Твитер.

Некои дури забележале и интересна тетоважа под онаа од Никола.

„Оставете ја тетоважата од Никола, погледнете под неа. Има истетовирано сидро на кое пишува 'тато', како Дејвид Бекам да бил член на морнарицата“, се пошегувал еден Твитерџија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг