„Сопругата на Шумахер живее како во затвор“: Беше пријател на Михаел, сега не смее да го види – проговори за цело семејство

Точка

23/03/2023

20:30

33.058

Големина на фонт

а а а

Семејството Шумахер веќе со години привлекува внимание поради состојбата во која се наоѓа Михаел Шумахер кој кон крајот на 2013 година доживеа тешка повреда на главата на скијање во Франција.

Поминаа речиси десет години од страшната несреќа која на француските Алпи ја доживеа Михаел Шумахер. Навивачите на шампионот и еден од најдобрите возачи на сите времиња во Формула 1, долго чекаат убави вести кога станува збор за неговото закрепнување, но тие некако не стигнуваат. Лекувањето се одвива далеку од очите на јавноста, а информации се појавуваат во јавноста повремено, преку некои од неговите пријатели.

Најголема поддршка на патот кон закрепнувањето на Михаел тој ја има од семејството, кое секој момент го поминува со него.


Сопругата Корина се погрижила неговата желба за приватност да биде одржана во годините кога луѓето од сите страни сакаат да го знаат секој детаљ од животот на легендарниот возач и голем шампион.

Поради тоа, Корина која во 1995 година стана госпоѓа Шумахер, морала да го жртвува својот живот, тврди Еди Џордан и така ја штити жената која своевремено го напаѓаше поранешниот агент Вили Вебер.

Пријателот на германскиот возач Еди Џордан, за британски „Sun“ изјавил дека Корина со години не можела да има пријатели поради стравот дека сите постојано ќе ја прашуваат каква е состојбата на нејзиниот сопруг.

„Ова беше најужасната ситуација за Мик и Корина. Поминаа речиси 10 години и Корина и натаму не може да оди на забава, ручек, излет... Таа е како затвореничка затоа што сите би сакале да разговараат со неа за Шумахер во моментите кога таа сака да се одмори од сето тоа“, изјавил Џордан на којшто му е забранета посета откако зборувал за состојбата на Шумахер.

Своевремено, токму Еди Џордан беше еден од најважните луѓе за влегувањето на Михаел во Формула 1.


Кога Германецот имаше 22 години, Џордан му даде прилика за неговиот тим да дебитира во најбрзиот караван на светот, по што следеше историската кариера со бројни победи и со дури седум светски титули.

Се чини дека синот на Мик нема да успее да ги повтори успесите на својот татко, за што Еди има интересно мислење:

„Исто така тешко е за Мик којшто се обидува да направи кариера во Формула 1. Да не е под притисок на својот татко, веројатно би бил многу подобар возач отколку што мислиме. И тој треба да има свој простор и време како и сите во тоа семејство“, додал Еди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг