Алармантно предупредување од метеоролозите: Иднината може да изгледа сосема поинаку, особено во една балканска земја

Макфакс

23/03/2023

18:02

5.503

Големина на фонт

а а а

„Какво време, клима и вода им оставаме на идните генерации?, е темата на годинешниот Светски ден на метеорологијата, 23 Март, чија цел е да се укаже на неопходноста од глобално дејствување без одлагање, со цел да се обезбеди безбедност на сегашните генерации, а одржлив напредок и развој на идните генерации.

Годинешниот Светски ден на метеорологијата е посебен затоа што се совпаѓа со важна годишнина, а тоа е 150-тиот роденден на претходникот на Светската метеоролошка организација (СМО), Меѓународната метеоролошка организација, соопшти Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ).


„Гледајќи ги последните 150 години, очигледно е дека времето, климата и хидролошкиот циклус доживеале значителни промени предизвикани од човековата активност, индустријализацијата и употребата на фосилни горива. Климатските промени сега се дел од нашето секојдневие, а во блиска иднина времето, климата и водата значително ќе се разликуваат од оние за кои учат нашите деца во училиштата“, нагласуваат од ДХМЗ.

Предупредуваат дека Хрватска како дел од медитеранскиот басен е во особено ранлива позиција поради можното зголемување на температурата двојно побргу од светскиот просек, изложеноста на поплави, пожари, суши, топлотни бранови и подигање на нивото на морето.

„Со цел да се изградат побезбедна сегашност и климатски неутрална иднина за генерациите што доаѓаат, важен е придонесот на националните метеоролошки и хидролошки служби во планирањето и креирањето политики, мерките за адаптација и процената на ризикот. Една од задачите на ДХМЗ е обезбедување квалитетни и веродостојни метеоролошки и хидролошки податоци и развој на квалитетен систем за прогнозирање и рано предупредување за екстремни временски и хидролошки појави“, велат оттаму.


Генералната директорка на ДХМЗ, Бранка Иванчан-Пичек, посочува дека историската модернизација на ДХМЗ значително придонела за подобрување на реализацијата на таа фундаментална задача.

ДХМЗ става крај на најголемата модернизација во својата историја, со која ги модернизира метеоролошките и хидролошките мрежи и ја прошири националната мрежа за постојано следење на квалитетот на воздухот, пренесе „Нова.рс“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг