Фустан во боите на зајдисонцето е хитот за ова лето

Fashionel.mk

23/03/2023

16:43

6.484

Големина на фонт

а а а

Направете место ова лето за уште еден тренд – фустан во боите на зајдисонцето.

Колекциите пролет/лето 2023, во голема мера беа инспирирани од природата, а залезот на сонцето спаѓа меѓу најинтересните феномени, токму заради неговиот колорит.

Она што фасцинира кај овој фустан е прелевањето на боите и нивниот интензитет.

Го има во различни варијанти од лежерен модел за на плажа до софистицирано парче за вечерна забава.

Нијансите, кои од жолта и портокалова полека преминуваат кон интензивна црвена и виолетова, ја прават оваа тоалета една пораскошна алтернатива на малиот црн фустан.