Научниот труд за опасноста од вештачката интелигенција го напиша – вештачката интелигенција

Точка

20/03/2023

13:02

10.396

Големина на фонт

а а а

Поради вештачката интелигенција потешко е да се препознае плагијат, со што е загрозен академскиот интегритет, е заклучокот на универзитетските професор во научниот труд неодамна објавен во едно списание. Но, тоа што рецензентите кои ја одобриле статијата, а ни читателите, не го знаеле, е дека статијата ја напишал „ChatGPT“.

Тројца професори од Универзитетот во Плимут, кои „се преправале“ дека се автори на трудот, велат дека на овој начин сакале да ја освестат академската заедница на кое ниво вештачката интелигенција може да пишува и колку всушност е оправдана загриженоста поради потенцијалниот голем бран на плагијати. „Технологијата напредува со неверојатна брзина и на универзитетите ќе им биде тешко правовремено да реагираат на тие промени“, рекол еден од „авторите“.


Со децении универзитетите се обидуваат да ја искоренат чумата на купување на семинарски и дипломски трудови, но сега постои сомнеж дека оние кои им ги продаваат трудовите на студентите користат „ChatGPT“. Сега академските институции се обидуваат да пронајдат начин на кои ќе подобро ќе препознаат дали одреден труд е дело на популарниот „четбот“ или дело на нивните студенти, но постои страв дека вештачката интелигенција тешко ќе може да се „совлада“, пишува „The Guardian“.


Некои трудови на англиски јазик се напишани прилично уверливо, посебно оние напишани од последната верзија на „ChatGPT“. Сепак, овој четбот и натаму не знае точно да наведува извори (или се сомнителни или се измислени), што засега за професорите е најголем адут за откривање на измамници.


И во случајот со научната статија која ги измами рецензентите, авторите на експериментот морале да ги средат изворите за работата да делува во целост уверливо. Од друга страна, се повеќе универзитети издаваат нови насоки за професорите за тоа како да откријат студент кој користел „ChatGPT“, пренесува „Tportal“.