Сергеј Варошлија: Кабалата ми го промени животот

Точка

17/06/2011

21:32

33.518

Големина на фонт

а а а

Првата јавна личност кај нас која што ја учи Кабалата е Сергеј Варошлија. За неа ќе рече дека му го променила животот и дека ова што сме го виделе досега од него е само 1 отсто, другите 99 ќе ги видиме и дознаеме наскоро.

За љубовта кон Мадона, за омилената гардероба, но и подетално за неговата поврзаност со Кабалата дознавате во интервјуто на Сергеј само за најчитаниот веб портал, ТОЧКА.

Сергеј, за тебе Мадона претставува религија и твое алтер его. Ја сакаш многу и знаеш се за неа и нејзината кариера. Што е тоа што не ти се допаѓа кај неа?

Ха...темата Мадона и филозофирањето околу неа и мојата поврзаност со нејзината работа ми е некако презборено, односно ова е тема за која би дискутирал посебно. Мислам дека не постои нешто што не ми се допаѓа кај Мадона, и да не ми се допаѓа тоа го гледам во некоја форма каде што мислам дека така треба да биде. Ја менува свеста на глобално ниво кај луѓето, а јас пред се тоа го перцепирам. Не постои место на светот каде што некој не знае што е Кока Кола или Мадона. Да изградиш ти име на бренд на такво високо ниво и да знаат сите кој си е што си е огромен успех, работа, труд, талент и милион други околности.

Ја поседуваш секс-книгата на Мадона која што е редок примерок во светот. Како стигна до таа книга?

Многу сум горд на тој примерок, сосема ‘случајно’ , како и повеќето работи во животот кои ми се случиле во животот, а случајно е во наводници затоа што во случајности во принцип и не верувам. Толку ја сакав таа книга и не можев да ја добијам. Имав една клиентка, американка, и случајно паднавме на муабет и она ми кажа дека ја има дома. Ми рече дека сега не и значи, дека и значела во тој период кога ја купила и со задоволство ми ја подари.



Те цитирам ‘ Не верувам во бракот.‘ Дали тоа значи деке нема никогаш да стапнеш на лудиот камен?

Никогаш не вели никогаш. Кога велам не верувам во брак не мислам дека не верувам во институцијата за исполнување на заеднички живот. Меѓутоа не верувам во бракот како формула документирана за загарантиран успешен заеднички живот. Тоа сакам да кажам кога велам не верувам во брак, како форма на заедничко живеење. Зошто мора да е тоа документирано. Со тој документ многу работи се менуваат во врската која што можеби до тој момент била ‘идеална’ со документот како да си ја запечатуваш судбината во погрешен правец.

Ти си уметник. Кој колега/колешка од твој калибар го/ја сметаш за конкуренција, а можеби и подобар/ра од тебе?

Кого сметам за конкурениција? Па да ти кажам искрено јас би сакал многу повеќе конкуренција во Македонија генерално и тоа што конкуренцијата е нормална работа насекаде низ светот, натпревар помеѓу квалитет и натпревар помеѓу таленти . Јас се радувам кога ќе видам млади деца таменти кои допрва доаѓаат, но знаат каде чекорат и во која насока се движат. Тоа ме радува и воопшто не ме фрустрира. Македонија е земја на чудата и тука може да биде секој кој што ќе посака. Сакам да бидам водителка, ајде, сакам да сум манекенка, повели на писта, сакам да сум фризерка, четките во раце. Нема критична маса и секој може да биде тоа што ќе му текне. Нема квалитет , нема реална вредност. Е кога не би постоеле такви луѓе кои го рушат квалитетот автоматски самиотв квалитет и конкуренцијата би се издвоиле и би се добила онаа критична маса да народот знае што е вредно а што не е.

Дали Надица за тебе е сеуште модна икона?

Надица е дел од моето големо минато. Надица јас никогаш не сум ја гледал како модна икона. Таа едноставно била една фигура, перцепција на една жена каква јас во моментот сум мислел дека треба да изгледа.
Ти си првата македонска јавна личност која сними реклама за шампонот ‘ Head and Shoulders’ . Тоа беше пред десетина години.



Какво искуство беше тоа за тебе?

Драго ми е што ме прашуваш за нешто кој ретко кој го знае. Добро, можеби повеќето и ќе се сетат сега, но никој не ме прашал досега за ова. Така е, јас сум првата македонска јавна личност која што сними реклама за таков светски бренд за балкански услови. Тоа искуство никогаш нема да го заборавам, се чувствувам и ден денес привилегиран за тоа. Самиот народ ме одбра јас да ја снимам таа реклама. Беше правено анкета помеѓу народот кој фризер би бил најдобар да ја снима рекламата и кого најмногу би му вервале и тие ме одбраа токму мене. 90 проценти од одговорите беа во моја полза така што дојдоа луѓето од компанијата, отидовме во Букурешт и во филмско студио ја снимавме рекламата. Се беше како на филм, навистина незаборавно искуство. Ти благодарам што ме потсети на ова и ме праша.

Сите живееме во свој свет и филм. Во кој филм е Сергеј?

Имам 19 годишно искуство и можам да ти кажам дека тоа е само 1 процент од мене. Допрца следуваат тие 99 проценти што ќе имаа прилика сите да ги видат. Врвот во Македонија ми е постигнат одамна, Балканов исто го имам освоено. Сега одам кон повисоки предизвици и цели. Сега одам да го освојам светот. Никогаш не си поставувам лимит и граници.

Морам да ти кажам дека важна работа што се случи во мојот живот и ме промени целосно е Кабалата. Ми го смени животот 100 проценти. Ме соочи самиот со себе, ме научи да си ги признаам и сватам грешките во животот. Ме научи како треба да си го остварам филмот затоа што јас сум си креатор на својата судбина. Кабалата ми отвори многу прозорци и врати за многу пошироко да можам да ги гледам нештата и да сватам дека непостојат невозможни нешта, постојат само неупорни луѓе. Кабалата ма научи дека секој сон е остварлив. Студент сум и официјално по Кабала на Универзитетот по Кабала и ја учам секојдневно. A човекот кој што ме вкучи во Кабалата е Коста Петров и навистина сум среќен поради тоа. Малку луѓе во Македонија ја учат Кабалата, а јас сум првата јавна личност што почнал да учи. Луѓето кои ми се блиски ја гледаат таа промена кај мене од секаков можен аспект. Ова учење нема врска со религија , секта, нити пак некакво двоење. Во Кабалата учиме дека сите ние сме еднакви и исти, без разлика некој што работи и од која вера е. Многумина ќе ја поврзат Кабалата со Мадона, да таа е следбеник повеке од 13-14 години, но поради неа јас не почнав да ја изучувам Кабалата. Во Кабалата учиме дека сите сме граѓани на овој свет и со учејќи ја ништо не можеш да изгубиш можеш само многу да добиеш.



Марамите и накитот ти се фетиш. Кое е најдоброто парче гардероба кое што го поседуваш?

Сакам накитт многу, зависи од расположението. Но чевлите, ацесоарите, каишите, добар саат за мене се тие некои работи кои многу зборуваат за човекот. Не би можел да издвојам едно омилено парче гардероба, имам неколку кои што ми се омилени, било да е маичка, одело или чевли. Не патам од комплекс гардеробата да ми биде брендирана, добро, имам некои парчиња кои се бредн, имам маички од 5 евра и 150 евра и верувај дека тоа од 5 евра ми е подраго и почесто го носам. Кога купуваш некој бренд тоа значи дека купуваш квалитет. Насекаде низ светот е така.

Целиот твој салон е исполнет со твои фотографии. Која е приказната која што ја раскажуваш со ваков едиторијал на фотографии?

Јас се повикувам на уметноста каде што нема граници. Овој пат кога се работеше за уредуваше на салонот решив самиот себе си да се поставам на сите фотографии во една концептуална врзана фотографска форма изработена од Ани и Дими. Пораката може да биде сложена, но и многу едноставна. Во принцип е поставена секој да ја разбере и свати. На фотографиите ме име мене во сите оние форми и визии, разговори, тречеви во кои народот сака да ме види мене како лик. Она што се зборувало за мене е фотографирано и изложено. А кој сум вистинскиот јас од сите тие фотографии јас мислам дека самиот народ ќе ја види разликата и мојата вистинска форма.

Имаш неколку тетоважи на твоето тело. Зошто ги направи?

Прво тетовирањето за мене е огромна уметност. Ова не е пиши-бриши. Ова останува засекогаш и тука нема играчка. Прво треба да знаеш зошто го правиш тоа. Имам седум тетоважи, секоја индивидуално си има свое значење. Значењто ќе си го задржам за себе

И за крај, што ги советува Сергеј читателите на ТОЧКА?

Голем поздрав од мене, бидете самосвесни и знајте дека самите сте си креатори на својата судбина, на сопствениот пат. Самите правите работите да бидат возможни или невозможни. Не обвинувајте никого за било што. Сите успеси, неуспеси и грешки признајте си ги самите себе затоа што најлесно е да покажеш со прст и да речеш овој ми згреши. Во секој сегмент од животот треба да си ја прифатиме реалноста, дека самите сме си одговорни за се.

Автор: Марија Главчева
Локација: Студио Ин Сергеј


















Спонзорирани линкови

Маркетинг