Хорор филм на „Netflix“ кој ги вознемири гледачите: „Не можев да дишам првите 20 минути“

Точка

19/03/2023

14:42

11.427

Големина на фонт

а а а

Гледачите на хорор филмот „#Alive“ на „Netflix“ признале дека „не можеле да дишат додека го гледале“.

„#Alive“ е јужнокорејски зомби филм кој зборува за тоа што сè може да се случи откако ќе започне зомби апокалипса додека живеете сами во куќа, во стан и немате каде да одите.

Филмот го режирал Чо Ил-хиунг, а приказната се одвива околу стримерот на видеоигри О Џун-ву (Ју А-ин) од Сеул, кој се бори за преживување кога зомбија ќе го нападнат неговиот стан.

„Морничав вирус се шири низ градот, а осамен човек останува заклучен во својот стан. Дигитално отсечен од барањето помош, очајнички се обидува да пронајде излез“, пишува во синопсисот на филмот.

„#Alive“ е објавен на „Netflix“ во септември 2020 година, но тоа не ги спречило љубителите на хорор филмови да го откријат и да го популаризираат 3 години подоцна.

Исто така, филмот има главно позитивни критики и оцена од 88 отсто на „Rotten Tomatoes“.


„’Netflix’ треба да додаде предупредување за ‘емоционален ролеркостер’ пред филмот“, „Срцето сè уште силно ми чука. Плачев, се смеев, толку се плашев за ликовите“, „Ако сакате да гледате добар хорор филм, погледнете го ‘#Alive’. Неверојатен е, ветувам!“, „Го гледавме ‘#Alive’ на ‘Netflix’ и тоа е единствениот филм за зомбија кој некогаш ме исплашил, не можев да дишам првите 20 минути“, се дел од коментарите на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг