(Видео) Гвардиола со ироничен коментар по новиот хет-трик на Халанд

Дерби

19/03/2023

12:27

2.122

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити ја наполни мрежата на Барнли на натпреварот од ФА купот, а триумфот од 6:0 беше најавен со хет-трикот на Ерлинг Халанд.

Норвежанецот постигна пет гола на дуелот со Лајпциг во Лигата на шампионите, а тогаш многумина го критикуваа Пеп Гвардиола затоа што го повлече од игра и не му дозволи да го собори рекордот на Лионел Меси од најмногу постигнати голови на еден натпревар во ЛШ.

Затоа и Гвардиола бил ироничен по вчерашниот дуел, повторно коментирајќи ја замената на Халанд на триесетина минути до крајот.

– Халанд постигна осум гола за четири дена. Јас играв единаесет години во Барселона и постигнав единаесет погодоци. Тоа е неверојатно.

– И да, го повлеков од игра за да не го собори рекордот на Меси, – рекол Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг