Кружат гласини за нова љубовна врска на Лени Кравиц којшто бил фотографиран со 32 години помладата манекенка

Точка

18/03/2023

18:30

5.792

Големина на фонт

а а а

Легендарниот музичар Лени Кравиц (58), наводно веќе подолго време е во љубовна врска со манекенката Ана Пол Вале (26).

Тие неколку пати биле забележани во јавноста, а папарацо фотографите вчера ги фотографирале пред некој бутик во Лос Анџелес. Иако стигнале заедно по купувањето тие бутикот го напуштила одвоено за да ги избегнат фотографите.


Ана соработува со модните агенции „Next“ и „Wanted“. Американските медиуми во 2019 година пишуваа дека таа е во врска со пејачот Алехандро Фернандез, а поранешниот пар се запознал на снимањето на неговата песна „Caballero“.

Лени е некој кој ја чува својата приватност, а претходно се забавувал со манекенката Барбара Фиало. Зад себе има брак со актерката Лиса Бонет.

Тие се запознале во далечната 1985 година на концерт, се венчале две години подоцна, а во 1988 година ја добиле ќерката Зои, се развеле во 1993 година.


„Веднаш се поврзавме. Како времето да запре. Никогаш претходно не сум имал таква средба. Бевме од ист пламен“, напишал Лени во мемоарите кои ги објавил во 2020 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг