Тајните на успехот на Халанд: Посебен режим на спиење, 6000 калории на ден и филтрирана вода

Точка

18/03/2023

17:34

10.319

Големина на фонт

а а а

Норвешкиот менаџер Стале Солбакен неодамна за „Sportsmail“ изјави нешто впечатливо за Ерлинг Халанд: „Неговото тело и понатаму напредува, тој сè уште расте. Ако го погледнете сега и пред 12 месеци, можете да забележите мала разлика. Тој тоа го сфаќа многу сериозно“.

И таткото на норвешката суперѕвезда, Алфи Халанд, потврдува дека напаѓачот е попрофесионален од претходно, а извори од Дортмунд велат дека некое време бил потполно посветен на усовршувањето, не само на своите способности туку и на телесната градба.

А тоа започнува со основите: спиење. Халанд е опседнат со правилен сон и начинот на кој тој ги подобрува перформансите, опишувајќи го како „можеби најважната работа во животот“. Затоа фудбалерот работи на усовршување на рутината.

Неколку часа пред да легне, Халанд носи затемнети очила кои го одбиваат синото светло од дигиталните екрани. Повеќето ноќи веќе спие помеѓу 22 и 22:30 часот, а електронските уреди ги исклучува многу пред тоа.

На раката носи прстен кој го мери квалитетот на сонот, температурата, стресот и отчукувањата на срцето, а неговите лекарски анализи покажуваат добри резултати. Поради сето тоа Халанд го споредуваат со Златан Ибрахимовиќ, но за Калум Валш од Њукасл Јунајтед, „Халанд е повеќе како Кристијано Роналдо бидејќи мисли на секој аспект“.

Ерлинг следи и посебен режим на исхрана – во денот внесува 6000 калории јадејќи изнутрици како срца и џигер кои се богати со витамин Б12 и фолат. Изобилуваат со минерали како железо, магнезиум, селен и цинк и витамини А, Д, Е и К, како и протеини. Пие исклучиво филтрирана вода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг