12 пролетни трендови за 12-те хороскопски знаци
Ако треба да ги карактеризираме хороскопските знаци преку облеката, еве како отприлика би изгледало тоа.
Овен
Овните не се плашат од ризик. Затоа можеме да ги замислиме во различни и смели изданија. На пример тантела.

Бик
Биковите би одбрале опуштен, но истовремено и луксузен вајб. Тие умеат да вложат во добро парче облека што трае.

Близнаци
Близнаците ги карактеризира променлива природа и делуваат како постојано да "бегаат". Затоа кропирани, "недовршени" парчиња се токму за нив.

Рак
Овој знак е интуитивен и се потпира на емоциите. Токму поради романтичниот момент ракот би одбрал стајлинг со цветен дезен.

Лав
Лавовите сакаат да привлечат внимание, па за нив би одговарале комбинации со забавни реси.

Девица
Девиците се опуштени и не се врзуваат за трендови. Би одбрале добро скроени, драпирани парчиња облека.

Вага
Вагите честопати се двоумат, за секоја одлука, а тука спаѓа и тоа што да облечат. Сепак има еден стил на којшто би кажале ДА, а тоа е проѕирната облека.

Шкорпија
Шкорпиите се помалку мистериозни. Ја сакаат темната боја и остриот изглед, па затоа предложуваме кожни комбинации.

Стрелец
Нивната слободоумна природа е тешко да се скроти. Она што најдобро би можело да ги отслика е моторџиски стил.

Јарец
Јарецот е земјен знак, а тоа значи дека и нивниот стилски избор е приземјен. Функционалност и мода, во пастелни тонови е токму тоа што би одбрале.

Водолија
Водолиите размислуваат надвор од комфорната зона и затоа креираат уникатен стил. Можеме да ги замислиме во светкави металик стајлинзи.

Риби
Рибите како воден знак сакаат убавина, но и функционалност, затоа совршен избор за нив би била свилата.











