Русија го преместува „Wagner“ од Бахмут и го заменува со редовна војска

Точка

11/03/2023

09:56

4.755

Големина на фонт

а а а

Украинскиот град Бахмут сè уште е „најжешката област на линијата на фронтот“, изјави портпаролот на украинската војска за Си-Ен-Ен.

„Бахмут сè уште е најжестокото место на линијата на фронтот. Сега има трета рунда борци од платеничката група Вагнер, која Русија ја заменува со редовната армија“, вели Серхиј Черевати.

„Првиот бран, кој беше испратен на фронтот минатиот февруари, го сочинуваа професионални војници, луѓе поврзани со ФСБ и Министерството за внатрешни работи. Вториот бран на „вагнерци“ беше составен од мобилизирани затвореници, кои беа избришани од лицето на земјата кога Вагнер се обиде да ја пробие одбраната со „живо оружје“, додава Церевати.

„Сега гледаме дека борците на Вагнер се заменети со редовната армија. Ова веројатно се случува поради конфликтот на Пригожин со раководството на руската армија“, вели тој.

Украинските власти објавија нова проценка на руските загуби. Тие тврдат дека убиле повеќе од 1.010 Руси во последните 24 часа. Освен тоа, велат и дека уништиле 10 тенкови.