Моден водич: Облека на риги што никогаш не излегува од мода
Облеката на риги е класика што никогаш не излегува од мода. Парчињата со овој дезен се истовремено едноставни и ефективни, елегатни, но и доволно кул. Токму затоа секој треба да има барем нешто на риги во својот гардеробер.
Она што е добро за вакиот тип на облека е што можете да ги комбинирате како да се неутрална боја. Одговараат на сè, а најмногу на фармерки и затоа ги носиме независно од годишното време.
Како што се приближува пролетта од плетените и волнени џемпери полека ќе преминеме на тенки блузички, фустани и блејзери во риги.
Можат да бидат хоризонтални, вертикални а прилично интересни се и косите риги.
Покрај класичната црно бела комбинација, ги има и во боја, а на вас останува само да си одберете модел.
























