Арнолд Шварценегер се врати - „Netflix“ го објави првиот трејлер за претстојната акциско-хумористична серија со ѕвездата на „Terminator“, наречена „Fubar“.
„Кај и да отидам, луѓето ме прашуваат кога ќе снимам уште една голема акциска комедија како „True Lies“. Па, еве ја. „Fubar“ ќе ве „растури“ и ќе ве насмее, и тоа не само на два часа. Добивате цела сезона“, изјавил Шварценегер.

„Fubar“ покажува што се случува кога татко и ќерка откриваат дека целиот нивен однос е изграден на лага и дека и двајцата се оперативци на ЦИА, а серијата од осум епизоди ќе прикаже теми на семејна динамика со хумор, акција и секако, шпиони.
„Fubar“ е прва телевизиска серија на Шварценегер, а покрај него глумат Моника Барбаро, Џеј Барушел, Форчун Фејмстер, Милан Картер, Тревис Ван Винкл, Габриел Луна, Енди Бакли, Апарна Бриел, Барбара Ив Харис и Фабијана Уденио.
Серијата ќе биде премиерно прикажана на 25-ти мај на „Netflix“.







