Баба со деменција со тестаментот го шокирала семејството, еве на кого му оставила 3 милиони евра

Точка

27/02/2023

18:33

8.757

Големина на фонт

а а а

Тестаментот на една баба со деменција од Австрија го шокирал нејзиното семејство откако било откриено дека бабата го оставила целото свое богатство во вредност од 3 милиони евра на водоинсталатер.

Австриски „Kronen Zeitung“ пишува дека бабата уште пред смртта го поставила водоводџијата како контакт за итни случаи и дека семејството не може да направи ништо бидејќи парите се оставени легално во наследство.

„Сè додека нема казнено дело како измама или принуда, роднините не можат да направат ништо. А да се докаже тоа би било многу тешко бидејќи жената сега е почината“, рекол Лоренц Киршнер, адвокат специјализиран за оставински прашања.


Имено, откако на бабата во 2018-та година по 50 години брак и починал сопругот, останала сама во големата куќа, а со оглед на тоа дека немале деца, повеќе немало кој да води грижа за финансиските и организациските работи.

Една година подоцна водоводџијата почнал да врши редовни работа во куќата на бабата во Клостернебург и изградиле добар однос.


По две години сиот свој имот му го префрлила како подарок. Остатокот му го ветила како единствен наследник во тестамент, а тоа ветување на крајот го исполнила.