Научниците објавија колку најдолго човекот може да живее

Точка

21/02/2023

07:22

22.940

Големина на фонт

а а а

Истражувајќи податоци на околу 75.000 Холанѓани чија точна возраст е забележана во моментот на смртта, статистичарите од универзитетите Тилбург и Ерасмус Ротердам ја утврдиле максималната горна граница на животниот век на жените на 115,7 години. Кај мажите таа возраст е нешто пониска - 114,1 година. Примероците се од податоци од последните 30 години, вели професорот Џон Ејнмал, еден од тројцата научници кои ја спровеле студијата.

„Секако, просечниот животен век е продолжен. Сепак, максималната горна граница не е променета“, објаснил Ејнмал.

Тука не станува збор за очекуваниот живот век, туку за животниот век кој се користи за одредување колку долго поединецот може да живее ако се грижи за себе. Овие наоди се совпаѓаат со истражувањето спроведено во САД, каде научниците откриле сличен опсег на животниот век.

Научниците утврдиле дека максималниот животен век на луѓето е до нивните 90-ти и малку е веројатно дека некогаш ќе се зголеми над 115. Но, потврдиле дека бројот на луѓе кои доживеале 95 во Холандија во последните 30 години пораснал за три пати.

Најстарата личност кога некогаш живеела доживеала дури 122 години. Жана Луиза Калман е роден во 1875-та година во Франција. Починала во 1997-ма. Запишана е во Гинисовата книга на рекорди како лице кое живеело најдолго.

Ејнмал изјавил дека наодите од истражувањето ќе бидат објавени во наредниот месец.