Заработка и до 17.000 евра месечно! Ова ќе бидат 29-те најплатени професии во иднина – обрнете внимание

Точка

16/02/2023

22:11

87.481

Големина на фонт

а а а

Проектирањето на идните трендови на деловните активности е многу тешка работа, особено по она што ни го покажа глобалната криза поради пандемијата на коронавирусот, а подоцна и актуелната руско-украинска криза.

„Business Insider“ се обиделе да откријат кои работни места ќе бидат барани во годините што доаѓаат, со помош на статистиката на пазарот на трудот, односот на понудата и побарувачката и податоците за платите.

На списокот има 29 професии и ги претставуваме од последно до прво место. Со некои од нив ќе се заработува и до 17.000 евра месечно, а просечната плата ќе изнесува и до околу 90.000 долари годишно, што нешто е помалку од 10.000 евра месечно.

29. Маркетинг менаџери

Број на нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 19.100

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 142.170

Потребно образование: Универзитетска диплома

28. Специјалисти за помош при користење на компјутери

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 54.800

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 56.690

Потребно образование: Универзитетска диплома или специјализација без диплома

27. Менаџери за човечки ресурси

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 46.900

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 64.490

Потребно образование: Универзитетска диплома

26. Наставници во основните училишта

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 51.400

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 60.940

Потребно образование: Универзитетска диплома


25. Лиценцирани медицински техничари

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 65.700

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 48.820

Потребно образование: Високо стручно образование, со дополнителна обука

24. Логопеди

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 40.500

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 80.480

Потребно образование: Магистерска специјализација

23. Механичар на индустриски машини

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 62.300

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 55.490

Потребно образование: Средно стручно образование, со дополнителна обука

22. Електричари

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 62.200

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 56.900

Потребно образование: Диплома за средно образование или еквивалент

21. Советници за ментално здравје - откажување од лоши навики или дрога

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 79.000

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 47.600

Потребно образование: Високо образование, со дополнителна обука

20. Менаџери за продажба

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 62.200

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 58.700

Потребно образование: Средно стручно образование, со дополнителна обука

19. Офталмолози и други лекари, освен педијатри

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 18.500

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: мин. 208.000

Потребно образование: Специјализација во областа на медицината

18. Градежни менаџери

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 40.400

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 97.180

Потребно образование: Универзитетска диплома

17. Адвокати

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 32.300

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 126.930

Потребно образование: Диплома за средно образование, правосуден испит и лиценца


16. Аналитичарите за сајбер безбедност

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 40.900

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 103.590

Потребно образование: Универзитетска диплома

15. Физиотерапевти

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 47.000

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 91.010

Потребно образование: Високо стручно образование, со дополнителна обука


14. Аналитичари за компјутерски системи

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 46.600

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 93.730

Потребно образование: Универзитетска диплома

13. Медицински асистенти

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 39.300

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 115.390

Потребно образование: Специјализација во медицински науки

12. Сметководители и ревизори

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 61.700

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 73.560

Потребно образование: Универзитетска диплома со обука за лиценца

11. Професори на медицински факултети

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 52.100

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 99.090

Потребно образование: Докторат по медицински науки, со посебни специјализации


10. Експерти за управување со проекти

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 79.800

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 77.420

Потребно образование: Високо образование, со дополнителна обука

9. Администратори на компјутерски мрежи

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 48.100

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 151.150

Потребно образование: Високо образование, со дополнителна обука

8. Менаџмент аналитичари

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 93.800

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 87.600

Потребно образование: Универзитетска диплома

7. Аналитичари за истражување на пазарот

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 130.300

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 65.810

Потребно образование: Универзитетска диплома

6. Специјализирани медицински сестри

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 110.700

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 111.680

Потребно образование: Високо образование, со дополнителна обука

5. Раководители на здравствени установи

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 133.200

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 104.280

Потребно образование: Високо образование, со дополнителна обука

4. Финансиски директори

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 108.100

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 134.180

Потребно образование: Високо образование, со дополнителна обука

3. Општи и оперативни менаџери

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 143.800

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 103.650

Потребно образование: Високо образование, со дополнителна обука

2. Медицински сестри

Нови работни места што се очекуваат до 2029 година: 221.900

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 75.330

Потребно образование: Средно стручно образование, со дополнителна обука

1. Развивачи на софтвер и аналитичари и контролори за квалитет на софтвер

Нови работни места се очекуваат до 2029 година: 316.000

Просечна годишна заработка во долари, во 2020 година: 110.140

Потребно образование: Високо образование, со дополнителна обука