Имаат проблеми со работната сила, па недостигот на луѓе планираат да го надоместат со автономни роботи

Точка

13/02/2023

12:36

9.561

Големина на фонт

а а а

Можеме да очекуваме дека на патиштата ќе се појават се повеќе роботи кои на луѓето ќе им доставуваат производи и намирници.

Додека се повеќе читаме дека роботите и вештачката интелигенција би можеле да „ни украдат“ бројни работни места, во некои земји планираат да ги приспособат своите закони за да овозможат нивно масовно користење бидејќи немаат доволно работна сила. Една од таквите земји е Јапонија во која популацијата е постара (околу 30 проценти од луѓето се постари од 65 години) и многумина живеат во оддалечени рурални подрачја во кои немаат пристап до сите производи во поголеми места.

Проблемот со работната сила посебно се чувствува меѓу доставувачите, а дополнително го влошил и новиот закон со кој се ограничени работните часови на возачите на камиони. Решението за овие проблеми би можеле да бидат, изгледа, роботите.


Недостигот на работната сила во транспортот ќе биде предизвик во иднината, коментирал за „Euronews“ Даи Фуџикава од „Panasonic“, компанијата која развива доставни роботи чие тестирање е започнато во Токио и Фуџисава и додал дека се надева дека нивните роботи ќе помогнат во ублажувањето на тој недостиг. Такви роботи развива и компанијата „ZMP“ која соработува со „Japan post Holdings“ И моментално се тестираат доставни роботи кои пакетите ги доставуваат низ главниот град на Јапонија.

Реакцијата на луѓето во таа земја околу доставните роботи во главно е позитивна, но нивното ширење по Јапонија ќе биде процес кој ќе се одвива постапно и без брзање. И покрај недостигот на работна сила, властите се под притисок за заштита на вработените луѓе. „Не очекуваме драстични проблеми бидејќи се загрозени работните места“, објаснил Хироки Канда од Министерството за трговија кое ја промовира таа технологија.


Пазарот на автономни доставни роботи кои на улиците ќе се движат заедно со луѓето ќе биде, секако, внимателно регулирано за да се спречат судири со луѓе и повреди така што нивната максимална брзина ќе изнесува до 6 километри на час. Исто така, на почетокот ќе се следат од посебен центар во кој ќе се огласи предупредувањето секогаш кога роботот ќе наиде на некој пречка или ќе сопре поради одредена причина.