Тетовираните лица може да имаат поголем ризик од развој на рак на кожата, особено меланом, предупреди тим од шведски епидемиолози и токсиколози.
Научници од шведскиот универзитет во Лунд проучувале речиси 3.000 луѓе со дијагностицирана болест и околу 8.500 здрави испитаници.
Меѓу учесниците кои имале меланом, 22 отсто биле тетовирани, во споредба со 20 отсто во контролната група. Но, кога ги зедовме предвид факторите на животниот стил кои би можеле да ја нарушат оваа поврзаност, забележавме зголемен релативен ризик за 29 отсто кај тетовираните луѓе“, рекла Емели Риц Лилједал од Универзитетот во Лунд.
„Може да биде фактор на ризик“
Резултатите, кои вклучувале фактори како што се изложеност на сонце, употреба на солариум и тип на кожа, ги поттикнале истражувачите да заклучат дека „тетоважите може да бидат фактор на ризик за меланом на кожата“.
Студијата е објавена во „European Journal of Epidemiology“ и е најновата во растечкиот број студии кои се обидуваат да ја расветлат поврзаноста помеѓу тетоважите и ракот на кожата во која долго се сомнева.
„Резултатите треба да бидат потврдени со понатамошни епидемиолошки истражувања пред да може да се заклучи каузалноста“, додал тимот, објаснувајќи дека ја спровеле студијата поради совпаѓањето помеѓу наглото зголемување на „инциденцата на меланом на кожата“ и „брзиот раст на трендот на тетовирање“.
„Телото го перципира мастилото како туѓ предмет“
„Присуството на канцерогени хемикалии, како што се полиароматични јаглеводороди, ароматични амини и тешки метали во мастилата за тетоважи ги оправдуваат истражувањата за ризикот од меланом на кожата и тетовирањето“, рекоа тие.
„Кога мастилото за тетоважа се инјектира во кожата, телото го перципира како туѓ предмет (страно тело), што го активира имунолошкиот систем“, објаснил тимот, предупредувајќи дека некои пигменти можат да се разградат во „штетни хемикалии што можат да предизвикаат рак“ – особено ако некое лице отиде на сончање по тетовирањето.
„Затоа, треба дополнително да разјасниме дали постои врска помеѓу мастилото за тетоважи и ракот на кожата“, изјавил Кристел Нилсен, вонреден професор и истражувач во областа на епидемиологијата на Универзитетот во Лунд.










