Амстердам ја забрани марихуаната во познатиот округ Red Light.
Градскиот совет на Амстердам одлучил да го забрани пушењето марихуана во познатиот кварт Де Вален, попознат како округ на црвено светло, а новиот закон ќе стапи на сила во средина на мај.
Раководителите на градот воведуваат и други ограничувања поврзани со ноќниот живот, а целта е да се подобрат условите за живот на граѓаните кои долго време се жалат на однесувањето на туристите, пренесува „BBc“.
Според новиот закон, рестораните и баровите во округот Црвено светло ќе можат да работат до два часот по полноќ во петок и сабота.
Новите посетители нема да можат да влезат во Де Вален по еден по полноќ, а сексуалните работници ќе можат да ги даваат своите услуги само до три часот по полноќ.
Заедно со новите закони, Амстердам напролет ќе започне специјална кампања наменета за туристите, кои во главниот град на Холандија доаѓаат поради дрога, алкохол и секс.