(Видео) Пар од Америка пробал балканска храна, едно јадење особено ги воодушевило

Точка

07/02/2023

17:22

22.387

Големина на фонт

а а а

Американката Миона и нејзиното момче Џибри објавуваат видеа на ТикТок на кои испробуваат храна од различни делови од светот и кажуваат дали и колку им се допаѓа.

Неодамна на ред дошла и храната од балканските земји, а за таа цел Миона и Џибри пробале сарма, ќебапи, ајвар, кајмак и шопска салата.

На почетокот на видеото истакнале дека им се допаѓа што балканската храна е „чиста“ за разлика од брзата храна во Америка. На Миона особено ѝ се допаднала сармата на која ѝ дала оцена 12/10 бидејќи, како што вели таа, е неверојатно јадење. На парот му се допаднале и ќебапите кои добиле оцена 10/10, но највоодушевени биле од шопската салата која ја опишале како „неверојатна“.

„Пробајте балканска храна. Не е важно дали е српска, македонска, било каква. Сите имаат многу слична храна, но едноставно неверојатно е колку е вкусна“, заклучиле Миона и Џибри.

Следбениците во коментари им порачале дека храната на Балканот е навистина највкусна и му препорачале на младиот пар да проба и други јадења како бурек и полнети пиперки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг