Војна на вештачките интелигенции: „Bard“ е одговорот на „Google“ на „ChatGPT“

Точка

07/02/2023

16:24

8.094

Големина на фонт

а а а

Вештачката интелигенција „наскоро ќе биде интегрирана и во пребарувачите и во пишан облика ќе одговара на прашањата за пребарување, со поврзување до линкови од релевантни интернет страници, фотографии и видеа“, известува „Google“.

„Google“ на јавноста и претстави апликација за разговор, базирана на вештачка интелигенција, по успехот на „ChatGPT“, а технологијата планира да ја користи во својот пребарувач, најавувајќи конкуренција на плановите на „Microsoft“ на „Bing“.

„Bard“ на јавноста ќе и биде достапен за неколку недели, истакнала компанијата.


Вештачката интелигенција наскоро ќе биде интегрирана и во пребарувачот и во пишан облик ќе одговара на прашањата за пребарување, со поврзување до линкови од релевантни интернет страници, фотографии и видеа, известува „Google“.

Извршниот директор на „Google“, Сундар Пичаи рекол дека алатот на „Google“ ќе овозможи во одговорите на прашањата да се излезе од рамките на основните фактички информации.


Ботот ќе биде прилично „храбар и одговорен“, нагласил Пичаи, без да прецизира како компанијата планира да го спречи неговото потенцијално производство на штетна или навредлива содржина.

„Bard“ е одговор на „Google“ на успехот на „ChatGPT“, кој го разви „OpenAI“. На големо се шпекулира дека „ChatGPT“ наскоро би можел да биде интегриран со пребарувачот на „Microsoft“, „Bing“.


Некои корисници на „Bing“ објавија дека минатата недела на пребарувачот забележале нов додаток налик на „chatbot“.

Само неколку минути откако „Google“ го претстави „Bard“, „Microsoft“ најави прес-конференција, нагласува агенцијата „dpa“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг