За „Golf“ двојка платил 80.000 евра

Точка

06/02/2023

14:43

11.060

Големина на фонт

а а а

„VW Golf“ има огромен број на фанови за кои „GTI“ е светост.

А меѓу GTI верзиите, „Volkswagen Golf II“ има посебно место. И тука не мислиме на Балканот, туку на САД, каде „Golf“ од втората генерација на аукција постигна неверојатна цена од 87.000 долари или 80.000 евра.

Токму така, некој „VW Golf II GTI“ издвоил сума која може да се искористи за купување на нов „Golf R“, и тоа два примероци. А за таа висока цена виновни се двајца купувачи, кои се „тепале“ и ја кренале цената „до небо“.

Имено, аукцијата течела во вообичаен ритам до износ од околу 35.000 долари, а потоа со своите понуди се истакнале двајца учесници – „Kbod“ и „Pablovv“

Останатите се откажале на околу 45.000 долари, а потоа овие двајца му „навалиле“ на „Golf“-от како да доаѓа судниот ден. Сопреле на споменатиот износ кој го понудил „Pablovv“.

Аукцијата која ја организирала „Bring-A-Trailer“ предизвикала неверојатен интерес. Во неа учествувале повеќе од 1.000 луѓе, а огласот собрал преку 620 коментари.


Што се однесува до деталите за предметот на оваа возбудлива аукција, станува збор за „VW Golf II 16 V“ од 1992 година со 85.000 пројдени километри. Автомобилот е во повеќе од пристојна состојба, со богата опрема и целосна сервисна историја.

Описот на автомобилот со галеријата од преку 300 фотографии можете да го пронајдете ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг