Неуспешни обиди за елеганција и провокативен изглед: Ова се најлошо облечените дами на овогодишните Греми награди

Точка

06/02/2023

15:26

15.514

Големина на фонт

а а а

На вчерашното доделување на Греми наградите, бевме сведоци на многу добар стил на црвениот тепих, но и многу модни промашувања.

На настанот имало бројни костимирани гости, но не секој костим е посакуван на црвениот тепих. На врвот на листата на најлошо облечени на овогодишното издание на Греми наградите се најдоа Амбер Роуз и Блек Чајна, кои потполно ја промашиле темата и самата прилика, појавувајќи се во нешто што ни оддалеку не изгледало на добра модна одлука.


На листата на модни промашувања се и фустаните кои не успеале во обидот за провокативен стил, а имало многу такви изданија.

Важно е да се истакне дека дамите кои се најдоа на листата на најлошо облечени немаат помош од врвни стилисти кои, на пример, ги осмислуваат стајлинзите на Џеј Ло или Тејлор Свифт. Но, веројатно овие модни киксови ќе им послужат како лекција за наредната година.


Кога се подготвуваат модните изданија за Греми, тогаш на ум треба да се имаат три нешта: самиот настан кој бара од поканетите да изгледаат гламурозно, правилата на добриот вкус, без разлика дали се бира провокативен или ексцентричен стил и деталите на кои им се придава подеднакво внимание.





Спонзорирани линкови

Маркетинг