(Фото/Видео) Џеј Ло видно расположена, Бен Афлек како да сака веднаш да си оди: Пејачката не ја тргала насмевката од лицето додека актерот делувал луто...

Точка

06/02/2023

13:18

5.309

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез се појави на доделувањето на „Греми“ наградите и заблеска во гламурозен фустан од брендот „Gucci“.

Латино дивата ја врачила наградата за најдобар поп-вокален албум која ја освои пејачот Хери Стајлс.


Нејзиниот темносин фустан бил покриен со реси и бил направен од интересен материјал, имал шлиц до колковите... Својот изглед Џеј Ло го заокружила со „Bulgari“ накит и сребрени потпетици.

Откако завршила со претставување, Лопез повторно се сместила на своето место со сопругот Бен Афлек којшто слатко ја бакнал кога завршила со својата задача.

Иако разменувале нежности во првиот дел од бината, Бен не изгледал воодушевен што бил во придружба на својата сопруга на овој гламурозен настан.

Секојпат кога камерата ќе го покажела Бен, актерот изгледал нерасположено, додека пак Џенифер разговарала со Двејн Џонсон и неговата сопруга Лорен Хашијан.

Да ве потсетиме, не е првпат Бен да не го крие анимозитетот кон јавните настани и медиумското внимание. Во август тој бил забележан со тажен израз на лицето, а не делувал ниту најсреќен на медениот месец во Париз каде папарацо фотографите го „уловиле“ како спие на брод.


Познато е дека Бен не е воодушевен со вниманието од медиумите и јавноста кое го добива поголем дел од времето заради својата сопруга.

Исто така и во Њујорк тој минатото лето покажал лут израз на лицето, а тогаш ниту Џеј Ло не можела да го смири.

+