Поп-ѕвездата Бијонсе го собори рекордот на доделувањето на „Греми“ наградите за најмногу освоени награди во кариерата, но повторно изгуби во престижната категорија за албум на годината од британскиот пејач Хери Стајлс.
Бијонсе освои четири „Греми“ награди, вклучувајќи ја и онаа за најдобар „денс/електронски“ албум, со што во својата кариера освои 32 награди. Досега тој рекорд со 31 освоена награда го имаше покојниот диригент на класична музика Георг Солти.
Наградата за најдобар албум му припадна на Стајлс
Без оглед на успехот во текот на годината, 41-годишната Бијонсе никогаш не ја освоила наградата за најдобар албум. Хери Стајлс таа награда ја доби за албумот „Harry’s House“.
„Толку бев инспириран од секој уметник во оваа категорија“, изјавил изненадениот Стајлс кога ја примал наградата. Албумот на пејачката Лизо „About Damn Time“ беше прогласен за албум на годината, а песна на годината „Just Like That Bonnie Raitt“.
Американската џез пејачка Самара Џој беше прогласена за најдобра нова уметница.
Раперот Бед Бани дома ја однесе наградата за најдобар албум на урбана музика за „Un Verano Sin Ti“. За најдобар рапер е прогласен Mr. Morale & the Big Sreppers Kendrik Lamar“.