(Фото) На овој грчки остров живеат само 2 илјади луѓе, а изгледа како да е од бајките

Точка

01/02/2023

10:45

21.187

Големина на фонт

а а а

Грчкиот остров Самотраки изгледа неверојатно. Островот се наоѓа покрај морската граница со Турција, а неговата вкупна површина изнесува околу 78 километри квадратни.

На островот живеат околу 2000 постојани жители, според пописот од 2001 година. Островот некогаш бил познат во целиот антички свет по своето верско светилиште, а денес е магнет за екотуристите.

Зеленило, потоци, водопади


Јужната страна од островот е брдовита, со карпести височини до 800 метри, многу е непроодна, без патишта и обрасната со шума. Северот од островот е подолга приказна. Сместувањата се единствени и во состав со околината поради тоа што кому му треба луксуз покрај соба во која тече поток, а кој може да го гледате од прозорец?

„Самотраки е поразличен остров. Има зелена шума, реки, водопади и луѓето таму одат да планинарат, а некои доаѓаат поради морето“, изјавила Калиопи Парселиас, една од сопственичките на сместување за туристи на островот. Таа вели дека главните гости таму најчесто се Грци и Германци, но сега доаѓаат и луѓе од цела Европа.


Во делот на северната страна од островот водопадите се спуштаат низ карпите, творејќи природни базени. На првиот водопад којшто се нарекува Фониас, луѓето се сончаат додека децата си играат во плитките води на езерцето.

Древни остатоци

По островот може да планинарите, но за оние кои не се фанови на активниот одмор, постојат термални бањи со извори во Терми кои датираат одамна, а плажите се насекаде. Нив не треба посебно да ги опишуваме поради тоа што на прв поглед се гледа дека се волшебни.


Островот е вистински избор а посета на љубителите на историјата. Таму се наоѓа археолошкото наоѓалиште „Hieron ton Megalon Theon“, славно по 2,5 метри големите мермерни скулптури,

„Островот има многу добра енергија. Луѓето велат дека е мирен. Кога ќе дојдат тука уморни се, имаат многу проблеми. По една седмица, тие се нови луѓе“, вели Калиопи Парселиас.





Спонзорирани линкови

Маркетинг