(Видео) Стотици илјади Французи на улиците, се противат на работа до 64 години

Точка

31/01/2023

21:16

2.390

Големина на фонт

а а а

Голем број на демонстранти маршираа денеска ширум Франција за да се спротивстават на планот на претседателот Емануел Макрон за зголемување на возраста за одење во пензија. Анкетите покажуваат дека голем дел од Французите се противат на зголемувањето на возраста за одење во пензија на 64 години. Макрон тврди дека тој потег е од витално значење за одржливост на пензискиот состав.

Во поголемите градови како Марсеј и Лион, како и во Реимс и Монпеље, излегле повеќе луѓе отколку на првите протести против реформата на 19-ти јануари, покажуваат податоците на полицијата, синдикатот и весникот „Le Monde“.

Шефот на најголемиот француски синдикат: Тоа е вистинската порака пратена до владата

„Подобро е отколку на 19-ти. Тоа е вистинската порака пратена до владата, која вели дека не сакаме да работиме до 64 години“, рекол Лоран Бергер, лидер на „CFDT“, најголем француски синдикат, пред маршот во Париз. Синдикатот „CGT“ тврди дека во Париз се собрале 500.000 луѓе. Маршираат со транспаренти како „Не за реформите“ и „Нема да се откажеме“, а многумина најавуваат дека ќе излегуваат на улица колку и да е потребно.

„За претседател тоа е лесно. Тој седи на столче, може да работи до 70 години“ рекла возачката на автобус Исабеле Тешиер на протестите во Сен-Назаире, место на брегот на Атлантикот. „Не можеме да бараме од градежници да работат до 64 години, тоа е невозможно“, додала таа.

Работниците кои штрајкуваат ги нарушиле испораките од француските рафинерии, јавниот превоз и работата на училиштата, иако во неколку сектори од работното место заминале помал број на луѓе отколку на 19-ти јануари, бидејќи поради растот на животните трошоци не можат да прескокнат дневница.

Нови штрајкови?

За синдикатите, кои подоцна во текот на денот би требало да најават нови штрајкови, предизвик претставува одржувањето на волјата на луѓето да ги напуштаат своите работни места во време на висока инфлација. Извор од синдикатот објавил дека во штрајкот до попладне учествувале 36,5 проценти од работниците во железничката компанија „SNCF“, што е пад од речиси 10 проценти во однос на 19-ти јануари.

На железничките мрежи поради тоа возел само секој трет брз „TGV“ воз, со уште помал број на локални регионални возови. Нарушувања имало и во услугите на париската подземна железница.

Групацијата на комунални претпријатија „EDF“ соопштила дека 40,3 проценти од нејзините работници се во штрајк, што е пад од 44,5 проценти од претходниот протест. Министерството за образование исто така соопштило дека работното место го напуштиле помалку наставници.

Нема преговори

Француската влада во исто време порачува дека за поместувањето на возраста за одење во пензија на 64 години не може да се преговара. Реформата на пензискиот состав би донела дополнителни 17,7 милијарди евра пензиски придонеси годишно, стои во проценката на француското министерство за работа. Синдикатите одговараат дека постојат и други начини за зголемување на приходите, како оданочување на супербогатите.

„Оваа реформа е неправедна и брутална“, Лук Фаре, главен секретар на синдикатот на државните службеници „UNSA“.

„Кога постои толку масовно противење, за владата би било опасно да не го послуша“, рекла Милене Жакуот, главна секретарка на „CFDT“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг