Пресмешна снимка од наводниот сопственик на Ал Нарс: „Дадов 200 милиони евра за Роналдо, а тој знае само да вика „Сиу"“

Точка

31/01/2023

17:12

7.862

Големина на фонт

а а а

Не е јасно дали станува збор за шега или навистина на снимката е еден од претседателите на арапскиот клуб.

Засега доаѓањето на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија се покажа како прилично слабо. Португалецот како да ја изгуби својата долгогодишна магија, откако неговиот Ал Наср изгуби од Ал Итихад во натпреварот од Суперкупот со резултат 3-1, по што на социјалните мрежи тој беше под најголеми критики.

Тренерот на овој клуб, Руди Гарсија, по натпреварот на прес-конференцијата ја издвоил промашената шанса на Роналдо во првото полувреме, а сега станало вирално и едно видео на ТикТок. На него, наводно, се наоѓа еден од сопствениците на Ал Наср.

Тука се гледа како моќниот и богат Саудиец нешто приговара, по што ја исмеал познатата прослава на Роналдо и покажал дека воопшто не е задоволен од неговите партии откако пристигнал во Саудиска Арабија.

„Дадов 200 милиони евра за Роналдо, тој знае да каже само „Сиууууу“, бесен бил Саудиецот.

Сигурно во меѓувреме ќе се открие дали видеото е само шега или навистина станува збор за еден од сопствениците на саудискиот клуб. Ал Наср реши да го доведе Роналдо откако Манчестер Јунајтед се ослободи од него по провокативното интервју за Пирс Морган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг