По раскинувањето со Хари Стајлс, Оливија Вајлд фотографирана во прегратки на поранешниот свршеник

Точка

31/01/2023

15:49

4.459

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека Оливија Вајлд и Џејсон Судејкис ги „закопале своите воени секири“.

Режисерката и актерот биле фотографирани овој викенд во Лос Анџелес, а судејќи по фотографиите, тие се во добри односи.

Оливија и Џејсон разговарале на еден паркинг, а на крајот на разговорот се прегрнале.


За потсетување, Џејсон и Оливија беа верени повеќе од 7 години. Нивното раскинување беше одбележано со инциденти, па така на Оливија во текот на говорот на „CinemaCon“ во Лас Вегас ѝ беше врачен таинствен коверт со ознака „лично и доверливо“. Подоцна беше утврдено дека станува збор за правни документи кои ѝ ги испратил Џејсон, а се однесувале на старателството над нивните две деца.


По нивниот прекин, Оливија беше со музичарот Хари Стајлс со кој заедно работеше на филмот „Don’t Worry Darling“. Медиумите пишуваа и дека таа ја започнала врската со Стајлс додека сè уште била со Џејсон.

Меѓутоа, во ноември минатата година беше објавено дека Хари и Оливија прекинале по 2 години врска.


„Тој сè уште е на турнеја и сега заминува во странство. Таа е фокусирана на своите деца и својата работа во Лос Анџелес. Тоа беше многу пријателска одлука, двајцата сè уште се многу блиски“, изјави извор тогаш за „People“.

Пријател на парот додал и дека „двајцата моментално имаат различни животни приоритети“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг