Памела Андерсон се појави на премиерата на документарецот на „Netflix“, „Pamela: A Love Story“ во Лос Анџелес, а со својата модна комбинација потсети на култното издание од „Baywatch“ по кое многумина ја паметат.
Документарецот зборува за животот на актерката и носи исповед за нејзините шест пропаднати бракови, а во понеделникот се одржа премиерата во Лос Анџелес.
За таа цел, 55-годишната Андерсон се појавила на црвениот тепих во долг црвен фустан, а земајќи го предвид кројот на креацијата и прерамките, многумина ги потсетил на нејзиното издание од серијата „Baywatch“.
Сличен облик и прерамки имаше и култниот едноделен костим за капење во црвена боја, по кој Памела стана препознатлива во 90-те години.
Тесниот фустан го истакнал нејзиното тело и облини, а истиот Андерсон го надополнила со црвени отворени сандали. Косата ја собрала во лежерна пунџа, а изгледот го комплетирала со висечки сребрени обетки.
На актерката на црвениот тепих ѝ се придружиле и синовите Брендон Томас и Дилан Ли, кои ги доби во бракот со Томи Ли, а токму тие двајца се заслужни за документарецот.
„Да се сподели својата приказна е пред сè возбудливо. Моите деца продуцираат документарен филм за „Netflix“ и мемоарите се навистина терапевтски. Ги пишував во текот на минатата година, а пишувам и своја биографија“, изјави Памела претходно.