Која е тајната на најсреќната земја на светот? Луѓето кои живеат во неа никогаш не ги прават овие 3 работи

Точка

31/01/2023

11:12

19.785

Големина на фонт

а а а

Доколку се прашувате која земја официјално е најсреќна за живот, докажано е дека 5-ти пат по ред тоа е – Финска! Како што се наведува, во неа животот е како рај.

Спроведеното истражување во кое биле вклучени луѓе од 156 земји во светот, оценувало живот на луѓето на скала од 1 до 10. Врз основа на резултатите од „World Jappiness Report“, Финска петти пат по ред се нашла на првото место на светот. А, магијата се крие во тоа што Финците никогаш не ги прават следните три работи.

1. Не се споредуваат со соседите

Особено доколку станува збор за материјалното богатство и покажување на истото.

„Во една прилика се најдов во друштво на еден од најбогатите Финци. Го возеше своето дете во количка кон трамвајската станица. Може да си купи автомобил каков што сака, да плати возач, но „не“. Јавниот превоз за него е целосно прифатливо решение. Така изгледа успехот на Финците. Не се издвојувате и живеете како „целиот нормален свет““, истакнал некој жител на Финска.


Кој е првиот чекор кон среќата?

Фокусирајте се повеќе на она што ве прави среќни, а помалку на тоа дека сите околу себе изгледаат како да се поуспешни. Првиот чекор кон среќа е да ги воспоставите своите сопствени стандарди, наместо своите достигнувања да ги споредувате со другите.

2. Не ја уништуваат природата

Според истражувањето од 2021 година, 87 отсто од Финците сметаат дека природата е исклучително важна поради тоа што ви обезбедува мир, ви помага да ја вратите енергијата и ве опушта.

„Во Финска вработените имаат четири недели летен одмор. Многу од нас тоа време го користат да одат на село и да се наполнат со енергија која ја дава природата“, изјавил друг Финец.


3. Не ја нарушуваат довербата

Бројни научни истражувања покажале дека колку довербата меѓу луѓето е поголема тие се посреќни. Овој интересен експеримент го носи името „изгубен паричник“ и е спроведен во 2022 година за да се тестира почитувањето на граѓаните. Во таа прилика оставени биле 192 паричници на јавни места во 16 градови ширум светот. Во Хелсинки биле оставени 12, а на сопствениците им биле вратени 11.


Финците едноставно веруваат едни во други и исклучително ценат искреност. Доколку заборавите компјутер во библиотека или во јавен превоз ви падне телефонот, можете да бидете сигурни дека ќе го добиете назад.




Спонзорирани линкови

Маркетинг