„Ме силуваше и ме исфрли од автобусот, па ми се закануваше дека ќе ме убие мене и моето семејство доколку проговорам“: Нови обвиненија против познатиот пејач

Точка

31/01/2023

23:36

13.374

Големина на фонт

а а а

Една жена го обвинила Мерилин Менсон дека сексуално ја злоупотребувал додека била малолетна, се наведува во новата тужба на озлогласениот музичар, поднесена вчера во округ во Њујорк.

Жената, идентификувана само како „Џејн До“, тврди дека првпат го запознала Менсон, чие вистинско име е Брајан Ворнер, по еден негов концерт во 1995 година кога во неговиот автобус на турнеја. Таа тогаш имала 16 години, пренесува „Insider“.

„Додека беше во туристичкиот автобус, обвинетиот Ворнер извршил разни дејства на криминално и сексуално однесување над неа која во тоа време била невина, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на присилна копулација и вагинална пенетрација“, се наведува во тужбата која на увид ја добил „Insider“.


Жената кажала дека Менсон откако ја силувал, ѝ се насмеал и ѝ кажал да излезе од автобусот. Во тужбата се наведува дека ѝ се заканувал дека ќе ја убие и неа и нејзиното семејство доколку некому каже што се случило.

Кога излегла од автобусот ѝ пришол менаџерот на турнејата и ѝ дал приватен број за да биде во контакт со бендот.

Жртвата додала и дека Менсон потоа почнал да ѝ се јавува на домашниот број барајќи од неа да му испрати експлицитни фотографии од неа и нејзините пријатели.

Инсистирал таа да присуствува на концертот во Њу Орлеанс во декември 1995 година. После тој настап ја повикал да му се придружи во автобусот каде повторно ја нападнал.


„Ѝ даваше комплименти, играјќи со нејзината коса и гледајќи фотографии и цртежи кои таа ги донела. Тужениот Ворнер тогаш станал поагресивен и повторно ја нападнал, ја бакнувал, ги гризел нејзините гради и ја принудил на орален секс и пенетрација“, пишува во тужбата во која се обвинува и компанијата која тогаш соработувала со музичарот, „Interscope Music Publishing & Night Records“.

Во тужбата се наведува дека две компании биле свесни дека Ворнер сексуално напаѓа малолетнички и дека помогнале да се поттикне таквото однесување.

„Night Records“ од тогаш е затворен, но бил во сопственост на фирмата „Interscope“ која пак била во сопственост на „Universal Media Group“. „UMG“ не одговорило веднаш на барањата на екипата на „Insider“ за коментар.


Тужбата го товари Менсон за сексуално злоставување, а дискографската куќа за невнимание, намален надзор и прикривање, како и кршење на њујоршкиот закон. Се обвинуваат три страни за намерно нанесување душевна болка.

Жената бара неодредена отштета за „тешко емоционално, физичко и психичко патење“ кое го претрпела, како и за „економска загуба и загуба на способноста да работи и заработува“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг