Принцот Хари никогаш не бил поомразен, Британците не го сакаат во редот за круната

Точка

30/01/2023

17:37

3.677

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари никогаш не бил поомразен во Велика Британија, покажуваат новите анкети кои ги спровеле тамошните медиуми.

Некогаш најпопуларниот член на британското кралско семејство сега е помеѓу најомразените, а поомразен од Хари е само принцот Ендру.


Британците не му ги простуваат нападите на Хари на семејството кои траат во последните 3 години, а кулминираа со неговите мемоари „Spare“ во кои пишувал за својот брат и татко и откривал приватни семејни нешта. Хари го опишал својот брат, принцот Вилијам, како љубоморен насилник, ја навредувал кралицата Камила, а својот татко го опишал како „крал кој стравува дека неговата снаа Меган ќе му ја одземе популарноста“.


Британците сега сакаат да му се одземат кралските титули на принцот и тој и неговите 2 деца да се отстранат од линијата за наследување на британската круна. Хари е моментално 5-ти во редот за круната, зад братот Вилијам и неговите 3 деца, додека неговиот син Арчи е 6-ти во редот, а ќерката Лилибет е 7-ма.

66 отсто од испитаниците во анкетата која ја спровел „Express UK“ се согласни дека војводата од Сасекс и неговите 2 деца не треба да бидат во редот за престолот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг