Исплашениот Ѕаниоло повикал полиција пред својот дом, Мурињо му испрати искрен совет

Дерби

30/01/2023

12:58

2.161

Големина на фонт

а а а

Рома загуби во драматичен финиш од Наполи на гостувањето на „Диего Армандо Марадона“ и се врати во престолнината без освоен бод, но додека Жозе Мурињо давал изјави за италијанските новинари, Николо Ѕаниоло имал навистина непријатна епизода пред својот дом.

Големата ѕвезда на Рома се најде во проблематична ситуација откако самиот побара дозвола за трансфер во јануарскиот преоден рок, меѓутоа ситуацијата дополнително со влоши откако не доби понуди кои го задоволуваат, односно ја одби онаа од Бурнмаут.

Тоа предизвика големо незадоволство во раководството на Рома, но бесот посебно се префрли меѓу тифозите, кои вчера биле доста агресивни пред домот на Ѕаниоло по поразот од Наполи.

Десетици навивачи на Рома го навредувале Ѕаниоло и му се заканувале пред неговиот дом, по што исплашениот фудбалер го пријавил случајот во полиција. Ова е јасен сигнал дека Ѕаниоло во моментов е непосакуван во Рома, а во таа насока одеше и изјавата на Мурињо кој му препорача на фудбалерот дека најдобро решение ќе биде ако си оди до крајот на преодниот рок.

– Не знам од каква тежина е повредата на Ејбрахам, но тоа нема да ме натера да го вратам Ѕаниоло во тимот. Без разлика за кого станува збор, јас сакам луѓе кои сакаат да играат за овој тим, кои сакаат да го бранат дресот. Ако не се чувствувате добро во семејството, мора да најдете решение и да си одите. Тоа е мојот совет за него. Семејството е круг во кој има луѓе кои сакаат да бидат дел од семејството, – изјави Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг