(Видео) Имала само 11 години кога станала најмладиот сериски убиец во историјата: Нејзиниот нов идентитет и денес е голема мистерија

Точка

30/01/2023

10:16

5.305

Големина на фонт

а а а

Кога велиме сериски убиец, најчесто на памет ни паѓа некој постар, злобен маж. Но, дали сте знаеле дека најмладиот сериски убиец во историјата всушност е младо девојче од 11 години?

Мери Бел била жена која била осудена за убиство на две момчиња од Англија во 1968 година. Неверојатно шокантен факт е дека Мери тогаш имала само 11 години.

Имено, во мај 1968 година, Мери го задушила 4-годишниот Мартин Браун во напуштена куќа. Еден месец подоцна, на сличен начин го убила 3-годишниот Брајан Хаун. Мери тоа го направила со другарката Норма и двете биле уапсени и обвинети за убиство.

За време на судењето, Мери се изјаснила дека не е виновна, но сепак била прогласена за виновна за убиство од небрежност врз основа на намалена одговорност. Таа е осудена на доживотен затвор со препорака да ѝ биде одреден притвор на неопределено време.

Норма била ослободена од каква било вмешаност во убиството.

Кога оваа вест се појавила во јавноста, сите останале шокирани и згрозени што 11-годишно дете направило толку страшно злосторство.

Откако отслужила 12 години затвор, Мери Бел била условно ослободена во 1980 година. Таа добила нов идентитет и оттогаш живее инкогнито.

„Сакам да повредувам мали суштества кои не можат да ме повредат“, е реченицата на најмладиот сериски убиец во историјата на човештвото.

Британската влада со години одбива да го открие нејзиниот нов идентитет.

Случајот на Мери Бел покрена голем број важни прашања за одговорноста и казнувањето на децата кои вршат кривични дела. Додека едни тврдат дека децата не можат да ја разберат тежината на нивните постапки, други сметаат дека злосторникот треба да биде казнет - без разлика на возраста.

Кога се размислувало зошто Мери Бел го направила ова и како такво нешто ѝ паднало на памет, се наведува дека била изложена на насилство, злоупотреба и запоставување во домот и сето тоа придонело за ваквото однесување.

Каде е сега Мери Бел е сè уште голема мистерија. Се зборуваше дека родила ќерка која додека била бебе се обидела да ја задави, но била спречена во тоа. Подоцна се дознало за нејзиното дете, но и Мери добиле нов таен идентитет по судската битка во 2003 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг