Ова е најдобро чуваната тајна на Италија – изобилува со пејзажи, а туристите сè уште не ја откриле

Точка

26/01/2023

15:39

18.481

Големина на фонт

а а а

Планините во овој регион, кањоните, плажите и лагуните го прават еден од најубавите и најдраматичните пејзажи во Италија. Меѓутоа, малкумина го знаат тоа вклучувајќи ги и самите Италијанци.

Friuli е навистина една од најдобро чуваните тајни, не само во Италија туку и во Европа, а вистинското прашање е до кога тоа ќе биде така.

Регионот Friuli Venezia Giulia во Италија се протега од со снег покриените алпски краеви до сончевите води на северен Јадран. Таму речиси никогаш нема метеж, а туристите речиси и да не знаат дека постои.


Зошто овој регион до денес останува помалку познат туристички дел во Италија?

Можеби затоа што регионот на североистокот од земјата е сместен меѓу границата со Словенија и Австрија. Можеби поради историјата, тој дел од земјата отсекогаш бил мета на разни освојувачи. А, можеби и поради многуте јазици на кои зборува локалното население, поради што и се чини дека не ѝ припаѓа на Италија. Меѓутоа, мештаните велат дека тоа е голема грешка.

За разлика од другите италијански региони, тој не се рекламира и не се промовира и сè уште е далеку од масовниот туризам.

Како што мештаните сакаат да кажат, нивната реалност е мала димензија која патниците треба да ја откријат малку по малку.


Една од најголемите предности на регионот е пејзажот. Во регионот има дури 13 природни резервати и паркови во природата. Тука се ужива во природата, се вози велосипед, се планинари или се возат кајаци...

Активностите на отворено се одвиваат во текот на целата година. Топлото време носи летање на хартиени змејови, едрење и искачување по карпи. Зимата нуди скијање и санкање во тамошните одморалишта.

Зелената долина во регионот е опкружена со алпски врвови од кои има неверојатен поглед кон крајбрежјето. Тука е и Grotta Gigante, една од најголемите пештери во светот која е отворена за туристите.


Регионот исто така е погоден за сончање. Островскиот град Градо во лагуната којшто личи на минијатурна Венеција нуди многу избор во текот на летниот период, а тука е и Lignano Sabbiadoro, долгиот полуостров со златни пејзажи. Сепак главниот град и најголем во регионот е Трст.

Трст е дестинација за себе. Меѓу туристите е познат како италијанска Виена затоа што неговото австроунгарско наследство се одржува во величествената архитектура и декадентното наследство со крајот на минатиот век.


Регионот исто така е познат и по вината и винската култура и многу вкусната храна. Италијанците кујната од овој крај ја нарекуваат „mare e monti“ (море и планини), затоа што е комбинација од сè што е најубаво.




Спонзорирани линкови

Маркетинг