Астероид со големина на камион вечерва ќе пројде многу блиску до Земјата

Точка

26/01/2023

14:33

13.602

Големина на фонт

а а а

Астероид со големина на камион би требало вечерва да мине покрај Земјата во една од најблиските средби со небесни тела во историјата, пренесува „USA Today“.

НАСА во средата соопштила дека нема ризик астероидот со име „2023 BU“ да ја погоди Земјата.

Се очекува да мине на околу 3.500 километри над јужниот крак на Јужна Америка, што е околу 10 пати поблиску во однос на некои сателити за комуникација.


Дури и да постои ризик астероид да ја удри Земјата, би се претворил во огнена топка и би согорел во атмосферата, но некои поголеми парчиња потенцијално би можеле да паднат како помали метеори, додала НАСА.

Астероидот ќе биде најблиску до Земјата вечерва во 1.27 часот, а го открил аматерот астроном Генадиј Борисов, од опсерваторијата на Крим, пренесува „Tanjug“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг